Се направив, но срцето е појако од се !

08/07/2013 22:10

Поминаа денови,месеци...помина година...истата болка,истото чуство,истата надеж...Небеше свесен колку го сакав,и сеуште не е..Тој мислеше јас сум "јака" бидејќи бев цело време насмеана,а од внатре душата ми плачеше.Го сакав со целото срце, но тој што направи ми го скрши срцето на 1000 парчиња незнаејќи дека секое парче го сака колку 1000 срца...Секоја вечер заспивав плачејќи,а сабајлето станував со насмевка како ништо да небило...

Најмногу ме болеше што неможев да го заборавам..се трудев,се борев...најголема желба ми беше тоа, но желбата никогаш не ми се оствари...Каде и да одев имав спомени од него...на секое место се потсетував на нешто...Раната што повеќе и повеќе ми се отвараше, а спомените со своите канџи ми го параа срцето...Ми викаа: "не мисли на него не си ја отварај истата болка пак" а јас му реков:" таа болка кај мене никогаш не се затвори"..Јас изгубив еден кретен што не ме заслужуваше, а тој изгуби личност што го сакаше повеќе од се!!

Текст: А.Ј

 

Tags:

| | | | | | |